Беќир Шаини е нов член на Судскиот совет

Претседателот на Основниот суд Скопје 2, Беќир Шаини, e избран за нов член на Судскиот совет на Република Македонија. Шаини ќе го замени досегашниот член Неџат Ајро чиј мандат завршува поради исполнување на услови за  старосна пензија.

Изборот се вршеше од редот на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија. Гласањето се спроведе во сите судови  на Република Македонија и помина во најдобар ред и без никакви проблеми, изјави претседателот на изборната комисија и член на Судскиот совет, Насер Хаџи-Ахметагиќ.

Новоибраниот член на Советот ќе стапи на новата функција по давањето свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија.

ФОТО: Кајгана

најчитано сега