Ирска: Регистриран прв случај на лепра

 

Здравствените власти во Даблин соопштија дека во Ирска е регистриран прв случај, во поново време, на пациент болен од тешката болест лепра.

Лекарите констатирале дека пациентот кај кој е регистрирана лепрата страда од повторно појавување на болеста, од која еднаш се лекувал пред десет години во Бразил.

Претставник на ирската епидемиолошка агенција, доктор Конор Галагер изјави дека еден ваков случај е типичен за Средниот век, а не за денешно време и најсовремени услови во медицината, но додаде дека „е мал ризикот“ од појава на нови заболени од оваа болест.

ФОТО: Канал 5

 

најчитано сега