Дознајте ги имитациите на финалистите на ТЛЗП!

Вистина.мк од извори блиски до продукцијата на ТЛЗП ги дозна имитациите кои ќе ги гледаме во недела.

finalisti-650x433

Елена, Катарина, Јелена, Оки и Бане се петмина натпреварувачи кои се изборија за пласаманот во финалето на спектакуларното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“  кое  ќе го проследиме во недела, а  не очекува вистинска забава која ќе ни ја приреди петорката која овие денови ги подготвува финалните кореографии.

 

Сите се сложни во тоа дека не се замараат   со победата и дека со ист жар ќе се радуваат со натпреварувачот кој ќе освои најголем број на гласови од публиката и ќе ја добие наградата од 25 илјади евра. „Најважно е тие пари да им бидат дадени на оние на кои помошта им е најпотребна“,се сложуваат финалистите. Тоа што им е најважнона финалистите  е дека ќе го дадат својот максимум во недела и дека ќе се обидат да не ја разочараат публиката со последниот настап.

 

Јелена  и овој пат ќе има интересен предизвик  – Мајли Сајрус и познатиот хит „Wrecking ball“. Згодната актерка Јелена во целост на сцената ќе го пренесе атрактивниот спот на контроверзна светска музичка ѕвезда и не крие дека му се радува на овој предизвик. Бане ќе се најде во улогата на кралот на поп музиката Мајкл Џексон изведувајќи ја песната  „Earth song“.  Оки уште еднаш ќе не расположи и ќе донесе добра енергија со песната „Жени нам се вукота“ на групата Забрањено пушење. На Катарина ќе и се оставри желбата да стане принцеза, па на сцената ќе ни ја донесе прекрасната нумера од бајката „Пепелашак“. Сексапилната Елена повторно ќе се најде на свој терен, ќе ја имитира светската ѕвезда Бијонсе и ќе ја изведе нумерата  „End of time“.

Освен фантастичните нумери на финалистите, не очекува уште многу заба за која ќе се погрижат останатите натпреварувачи во ревијалниот дел од емисијата. Тие исто така вредно работат и ги подготвуваат нивните настапи за недела.

Публиката ќе го даде својот конечен суд. Кој ќе биде победниот на втората сезона, зависи исклучиво од гласовите на гледачите. Тоа што е сигурно е дека сите учесници ќе дадат се од себе да финалето на ТЛЗП биде спектакуларно и возбудливо.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега