Ужасно: Младоженец силувал гостинка на својата свадба

Страшен настан ја потресе јавноста во Индија откако младоженец силуваше девојка која дошла како гостинка на неговата свадба.

Се работи за 25-годишниот Џанак Синг кој по професија е сликар, кој за време на својата свадба, го искористил тоа што има гужва и врева, па однел една од гостинките во соба и ја силувал.

Девојката два дена била исплашена и истрауматизирана па на никого не кажала што и се случило, се додека не собрала храброст да и раскаже на својата тетка што се случило па така таа ја наговорила да го пријави случајот во полиција.

 

најчитано сега