Ќе успеете ли да го решите најтешкото судоку на светот?

Пред да го погледнете, имајте на ум дека доколку започнете со решавање на ова судоку – големи се шансите да не можете да прекинете. Но, доколку сте решени да бидете дел од малкуте кои успеаа да го решат, земете веднаш пенкало и лист и започнете со пополнување на најтешкото судоку на светот.

„Според скалата на тежина која се движи од 1 до 5 ѕвезди, ова судоку би имало дури 11 ѕвезди.“

Наместо со помош на дедукција да можете да забележите во кое квадратче кој бројприпаѓа, овој пат со секој чекор ви се отвараат 2 или повеќе потенцијални можности кои одговараат на соодветното квадратче. Но секако само еден е точниот одговор. За да пристигнете до него ќе мора да ги истражите сите можни опции.

„Најтешкиот дел е тоа што ќе мора да размислувате околу 10 чекори однапред, истражувајќи истовремено неколку можни решенија сè додека не ги елиминирате сите освен точното.“

РЕШЕНИЕТО Е ОВДЕ

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега