Доброволци од НОРАД ја следат санката на Дедо Мраз

Доброволци од командата на Воздухопловната одбрана на Северна Америка (НОРАД) велат дека го следат Дедо Мраз додека со санката влечена од неговите ирваси го заобиколува светот носејќи им подароци на сите добри деца.

НОРАД истакнуваат дека од Австралија, па на запад се до Јужна Америка ја следат санката на Дедо Мраз врз основа на трагата од топлината од светлечката рилка на ирвасот Рудолф.

Технологијата и социјалните медиуми станаа значаен дел од таа традиција на војската на САД и Канада и страницата „NORAD Tracks Santa“ на Фејсбук уште пред Божик имаше 1,6 милиони „лајкови“.

Доброволци од НОРАД вчера одговараа на телефонските повици и меилови на децата и на Фејсбук, Твитер и на сајтот www.NORADSANTA.org за движењето на Дедо Мраз.

Контролниот центар на оваа 59-годишна програма сега е во Воздухопловната база Петерсон во Колорадо Спрингс.

НОРАД синоќа соопшти дека го „забележал“ Дедо Мраз над Гвајана во Јужна Америка и оти тој до тој момент испорачал повеќе од четири милијарди подароци на децата кои годинава биле добри.

За Божик минатата година сајтот привлече повеќе од 19,5 милиони посетители, а страницата на Фејсбук доби 1,45 милиони „лајкови“.

Волонтерите тогаш одговорија на 117.000 телефонски повици и 9.600 меилови.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега