Најмалку 1.170 лица загинале во воздушните напади на коалицијата во Сирија

 

Во воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД, во последните три месеци во Сирија загинале најмалку 1.170 лица, меѓу кои најмногу припадници на екстремистичката група Исламска држава (ИД), соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Претседателот на организацијата, чие седиште се наоѓа во Лондон, Рами Абдулрахман изјави дека меѓу жртвите има 52 цивила.

Активистите на сирискиот центар, кои се наоѓаат во Сирија, наведуваат дека е можно бројот на загинатите исламистички бунтовници да биде поголем.

САД и нивните сојузници значително го намалиле бројот на воздушните напади во Сирија во однос на првиот месец од кампањата, која започна во септември.

Во Сирија до 15 декември вкупно биле извршени 488 воздушни напади.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега