Прогласени најдобрите спортисти, тренери и екипи за 2014 - кои се тие?
Градот Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје традиционално и оваа година ги избраа и им додели признанија на најдобрите спортисти, тренери и екипи на Град Скопје за 2014 година.
За најдобри спортисти за 2014 година беа прогласени Евегениј Поп Ацев најдобар пливач во маратонско пливање кој беше рангиран на 4 место, Томи Стефановски маратонски пливач рангиран на третото место, Игор Стефановски-Иџе најдобриот автомбилист, европски шампион беше рангиран на второто место и за најдобар спортист сениор за 2014 година беше прогласен Антонио Ристевски учесникот на Олимпсиките игри во Сочи во скијање кој го зазеде 29 место во слалом.
Признанијата на спортистите за вложениот трудот и за достигнувањата на полето на спортот им ги додели градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.
-Пријатни и интересни се овие средби кои ги правиме на крајот на годината за да одадеме почит и благодарност на оние кои беа најдобри во годината која изминува, истакна Трајановски.
Тој потенцираше дека од градот Скопје спортистите и понатаму ќе ја имаат целосната поддршка, финансиска, логистичка и морална се со цел и понатаму да ги славиме спортските успеси.
-Покрај вложувањата на Град Скопје во професионалниот спорт во рамките на нашите можности ќе продолжиме со поддршката и вложувањето во нашата база и нашата иднина а тоа е средношколскиот спорт, истакна Трајановски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа