Ова се вика среќа: Се заби во зграда откако погрешно и се отвори падобранот а помина само со модринки (ВИДЕО)
Ова се вика среќа во несреќа. 22-годишната Австралијанка Марија Стеинмар скокна со падобран, но тој погрешно се отвори и таа се удри во зграда. За среќа, таа заврши само со скршеница на носот и неколку модринки и исеченици, иако ова можеше да заврши фатално.
Британски пар кој се наоѓал во зградата случајно видел како некој лежи на подот од нивната соба па така викнале брза помош и ја спасила девојката.