По изигрувањето на Неда водителката Марија се огласи на Твитер- еве што напиша

 

За време на прогласување на финалистите на емисијата „Твоето лице звучи познато“ се случи невиден гаф. Имено поп пејачката Неда Украден доживеа вистинска непријатност и срам.

 

Среде лошото пребројување на гласовите водителката Марија Килибарда и кажа на Неда дека таа е еден од финалистите, а веднаш по прогласувањето и соопшти дека сепак дошло до грешка како и дека таа не оди во финале.

 

Поради овој пропуст Неда збесната го напуштила студиото и не ја изведе победничката нумера заедно со останатите натпреварувачи.

По целиот скандал, водителката Марија реши да се огласи на социјалната мрежа Твитер.

 

- Да не беше вака лудо во финишот се ќе беше совршено, а совршеното е секогаш досадно ;)) Горда сум на целата екипа, а особено на Боки“, напишала убавата водителка.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега