Во сабота се отвора Воениот базен во Аеродром - еве што ќе им понуди на скопјани

 

Реконструирање и санирање на коритото на базенот, реновирање на тоалетите, градење на нов угостителски објект, креирање на ареи за различни таргет групи, летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, аквабик, необични спортови во вода и постојана забава за посетителите се само дел од содржините кои ќе ги понуди новиот концесионер на отворениот базен во Општина Аеродром. Се очекува базенот да биде отворен во сабота.

-Покрај пливачките летни школи, трето доба посетители, аквабик групи, натпревари во одбојка и тимски игри, менаџментот на базенот од оваа година реши да стави голем акцент на организација на работењето со граѓанскиот сектор. За таа цел се воведени повеќе капацитети за опуштање на посетителите, поставени се повеќе ареи за седење и одмор, како и креирање на детско игралиште за најмалите, информираат од менаџментот на базенот.

 Отворената сезона на базенот планирано е да трае до крајот на месец септември. Базенот ќе работи секој ден, со работно време од 08:00 до 01:00 часот. 

најчитано сега