Дојде зимата: Од петок врнежи од снег и температури во минус
Имаме студен, но барем сончев старт на оваа последна полна работна недела годинава и прва од календарската зима.
Денешното студено утро со минимална температура ќе го имаме и утре. Според прогнозата на Метеопро наутро и навечер во дел од котлините ќе има слабо „замаглување“, но преку ден сепак се очекува претежно сончево време. Сончево и речиси без облаци ќе биде во текот на целиот ден на повисоките места.
Во котлините од северниот регион максималната температура ќе има вредност околу 9°С, додека во јужниот крај максималната ќе има вредност околу 12°С. Топло ќе биде и на повисоките места, каде максималната температура ќе надмине 10°С.
Среда нема да донесе промени на времето во однос на вторник. Повторно „замаглување“ низ котлините навечер и наутро, а преку ден генерално сончево. Утрото ќе биде малку „поблаго“ во однос на температурата. Минималната температура низ земјава ќе има вредност генерално околу -1°С. Денот ќе биде потопол во однос на вторник за околу 2°С. Максималната вредност на температурата во југоисточниот регион ќе достигне вредност околу 15°С !
Четврток исто така ќе биде релативно топол декемвриски ден, но со понизок дневен максимум на температурата во однос на среда.
Во четврток низ земјава има мала до умерена облачност, но со подолги сончеви периоди. Петок ќе биде облачен ден. На повисоките места навечер се очекува и слаб снег.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа