Работен состанок на амбасадорскиот совет во МНР

Од денеска до 26 декември во Министерството за надворешни работи ќе се одржи редовниот годишен Амбасадорски совет - Работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.

Со амбасадорскиот совет ќе претседава министерот за надворешни работи Никола Попоски, а пред шефовите на ДКП-та ќе се обратат и претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Владата Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељановски.

Како што соопшти МНР, на амбасадорскиот совет е предвидено да се разговара на разни теми, ќе биде презентирана работата и постигнувањата на шефовите на ДКП-та и планираните активности на македонската дипломатија за 2015 година. 

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега