Путин до руските тајни агенти: Бидете ефикасни, предизвиците пред нас се огромни
Владимир Путин денеска побарал подобрување на работата на руските тајни служби, за да можат да се „носат“ со современите предизвици и закани.
Тоа барање, како што соопштиле од Кремљ, Путин го изнел во писмена форма до ветераните и актуелните оперативци на руските безбедности служби.
-Нагласувам дека модерните закани и предизвици, како и новите дестабилизирачки фактори бараат зголемување на ефикасноста на целиот систем на домашни и специјални сужби, напишал Путин.
Во барањето посебен акцент било ставено на борбата против меѓунариодниот тероризам како и против секој (евентуален) обид од страски тајни служби кои сакаат да и’ зададат удар на Русија и на нејзините економски и политички интереси.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа