Ги убивме сите деца, сега што треба да правиме?

 

Во нападот беа убиени 132 деца и деветмина вработени во училиштето.

Ладнокрвно, терористот Абузар го прашува нардредениот Умар: Ги убивме сите деца во аудиториумот. Сега што треба да правиме. Умар му одговара: Чекајте да дојдат војниците, убијте ги и нив, пред да се кренете во воздух! Ова е транскрипт од последниот телефонски разговор на еден од талибанците кои упаднаа во училиште во Пешавар и убија 141 лице - 132 деца и 9 вработени во училиштето. Транскриптот го објави пакистанската новинска агенција „Dawn“.

Умар, познат како Умар Калифа, е милитант од Пешавар. Пакистанските безбедносни власти сметаат дека повиците ги направил од авганистанската провинција Нанграхар и очекуваат акција од авганистанските власти.

Нападот го извршиле седуммина терористи - петмина ги активирале бомбите со кои се самоубиле внатре во училиштето, а уште двајца тоа го сториле во училишнито двор.

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега