Елтон Џон се жени
Славниот пејач Елтон Џон (67) ќе се венчава утре во Англија со својот солгогодишен партнер Дејвид Фурниш со кој е во врска од 2005 година. Тие официјално ќе склучат граѓански барк, потврди неговиот потпарол. Спрема медиумите венчавањето ќе биде во недела и ќе има приватна церемонија. Се очекува околу 50 пријатели и членови од семјството меѓу кои Викторија и Дејвид Бекам.
- Ќе го направиме тоа мирно, но ќе биде весело. Јас сум горд на Велика Британија и на законите кои се појавија откако сме заедно, рекол Елтон Џон.
Оцени ја веста
20.12.2014 - 12:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа