Неверојатно: 14 години чекал за една фотографија
Австралискиот фотограф Реј Ели, кој 14 години стрпливо чекал да го сними 35 години стариот Албино кит, конечно е награден за својата упорност. Фотографијата ја нарекол “светиот грал” на својата 27 годишна кариера.
Во петокот успеал да ги фотографира “сите 50 тони” од прекрасниот Албино кит, близу Њукасл, на брегот на Јужен Велс.
Овие ексклузивни фотографии на 35 години стариот Албино кит, направени се за прв пат оваа сезона во четвртокот, фотографскиот ветеран ги направи во текот на миграцијата на овие огромни животни кон југ поради зимата, од ледените води на Антарктикот во топлите кон Квинсленд.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа