ФОТО: Едни и единствени - три сестри кои судеа еден меч

Јелена, Аница и Маријана од хрватскиот Самобор се единствените три сестри на светот кои заедно суделе фудбалски меч.

Јелена (20), Аница (18) и Маријана Кумер (16) за прв пат заедно суделе во јуни и тоа фудбалски меч во рамките од јуниорскиот Куп на Хрватска, со што влегоа во историјата на светскиот фудбал.

Тие се единствените три сестри во Хрватска кои се фудбалски судии, а можеби еден од ретките случаеви во целиот свет.

-Пред овој меч, заедно им судевме и на сениорите, но пријателски натпревари. Малку ни беше страв, вели Маријана.

Од тој меч, па наваму, сестрите од Самобор неколку пати настапиле заедно.

-Дури полесно ни е кога не делегираат заедно. Веќе имаме сопствени знаци и навистина сме добро трио, вели Јелена, која добива одлични оценки, подобри дури и од машките судии, како на натпреварите, така и за време на тестирањата.

sudii-500

Интересно е тоа што нивниот татко Маријан Кумер е поранешен фудбалер, кој во регионот на Жупанија е познат на сите по неговите бурни реакции, вербални, но понекогаш и физички напади кон судиите.

Ете, судбината сега се поиграла малку со него, бидејќи трите негови ќерки се фудбалски судии. Како што велат тие нивниот татко и денеска е познат по бурното минато на фудбалските терени, но тоа не е нешто со кое сакаат да се фалат.

Целата сторија можете да ја прочитате ТУКА.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега