Уште еден министер на СДСМ прогласен за кодош

 

Комисијата за верификација на фактите денеска објави дека поранешниот министер за правда и екс-македонски амбасадор во Софија, Ѓорѓи Спасов бил соработник на Службата за државна безбедност.

Во документите кои ги објави Комисијата, се вели дека Спасов ја известувал СДБ за неколкумина македонски граѓани, кои биле оценети дека се анархолиберали.

Лустраторите денеска објавија дека е лустриран и поранешниот шеф на битолската испостава на СДБ, Ице Дамчевски, кој според нив собирал и издавал наредби за следење на лица кои биле од интерес на службата.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега