ДУТ организира дебата за законските измени во високото образование

Во организација на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово денеска ќе се одржи јавна дебата за предлогот за државен испит во високото образование, како и за последните предложени законски измени во високото образование 

При предлагањето на законското решение кое треба да го регулира воведувањето на државниот испит, Министерството за образование и наука најави дека очекува квалитетни и конструктувни расправи за владиниот предлог кој, велат оттаму, е дефиниран по примерот на голем број земји во Европа каде што постои начин на проверка на квалитетот на образованието врз основа на методи што ги утврдила државата.

Целта на предлогот за државен испит е да се подобри квалитетот во високото образование. Согласно предлогот, целиот процес ќе го спроведува Одборот за акредитација и евалуација составен од професори од универзитетите во Република Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега