Лидерот на СДСМ се сретна со Харис Лалакос
Денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев во 14 часот оствари средба со шефот на грчката Канцеларија за врски во Македонија Харис Лалакос.
На средбата биле разменети мислења за повеќе теми поврзани со актуелните состојби во регионот и во Македонија.
Заев го запознал амбасадорот Лалакос за политичката платформа на новото раководство на СДСМ како и за идните планови.