„Знаев дека детето ми е мртво“ - мајката на загинатата старлета раскажува за своето лошо претчуство

Мајката на младата старлета - Слаѓана Гудураш (27), која загина во средата во сообраќајна несреќа, деновиве прима сочуство за својата ќерка. Taа вели дека цело време додека полицијата ја барала, од 10 ти месецов па се до завчера, претчувствувала дека на нејзината ќерка и се случило најлошто.

Девојката која пред две ноќи беше пронајдена мртва во возило марка "голф" на патот Сремска Рача - Кузмин е босанската старлета Слаѓана Гудураш, потврди ДНК анализата спроведена во Институтот за судска медицина во Нови Сад.

Мајката на настраданата - Јелка Пантиќ, која вчера цел ден примала сочуство од нејзините роднини и пријатели, кратко изјавила како таа чувствувала дека настраданата девојка е нејзината ќерка.

- Тоа е тоа. Крај. Знаев дека е таа. Претпоставувам дека е шесто сетило. Само чекав некој да ми јави дека пронајденото тело е на моето дете, за да отидам по неа и да ја погребам, изјавила Јелка.

Исчезнувањето на Слаѓана Гудураш прв го пријавил нејзиниот најблизок пријател Зоран, кој ја алармирал босанската полиција уште на 10 ти месецов, откако му станало сомнитално затоа што двата телефони на Слаѓана биле постојано недостапни. Тој вели дека е огорчен од работата на полицијата.

- Не можам да верувам дека цели шест дена не успеаа да ја најдат и лоцираат, што лесно може да се направи преку сигналите на нејзините телефони. Замислете, таа шест дена лежела мртва во канал во уништен автомобил. Не ја ни барале, а тоа е човечко суштество, нечие дете... Јас сум повреден како човек. Никој, баш никој од полицијата или од официјалните државни институции не не' извести за откривањето на телото и на автомобилот, а за тоа читавме и слушавме од медиумите, ожалостен раскажал Зоран Макивиќ.

 

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега