Проверете ја сметката: До крајот на месецот очекувајте 8.500 денари

 

На средината од идниот месец истекува рокот за исплата на декемвриската плата, а во овој период работодавицте кои се уште не го сториле тоа, се задолжени да им исплатат регрес за годишен одмор К15 на своите работници. Сумата од 8.500 денари треба да им се исплати на околу 300.000 вработени во приватниот сектор. 

Сопствениците на компании кои нема да го испочитуваат законот ќе добијат казни во висина од 4.000 евра, а на работниците наместо 8.500 денари ќе треба да им исплатат 20.000 денари.

Синдикатот во повеќе наврати ги повика работниците кои нема да примат К15 да го пријават случајот. Исто така, синдикатите апелираа да се пријавуваат евентуални злопотреби при исплатата на К15, односно случаи во кои работодавците им наложуваатна вработените да им ги враќаат парите кои им се исплатени како К15

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега