Пратениците го изгласаа предлог законот за градење

 

На вчерашната седница на Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Предлог законот за градење со кој се предвидува инвеститотрот да обезбеди сертификат за енергетска ефикасност со барањето за одобрение за градење.

Oвој закон, иако предизвика реакции кај јавноста, бидејќи првично овој сертификат се однесуваше и за вршење на реконструкција за градбите за индивидуално домување, пратениците преку амандмани го решија овој проблем.

Имено, после амандманската интервенција конечната верзија на овој предлог закон ги изоставува индивидуалните градби за домување односно основниот проект за реконструкција на градби се однесува само на обезбедување на сертификат за енергетска ефикасност за нови градби за индувидуално домување.

Доколку се земе специфичноста на градбите во кои што живеат многу македонски семејства и истите се стари по многу години иако енергетската ефикасност би довела до поголема заштита на електрична енергија и низа други позитивни страни, сепак со ова се излегува во пресрет на граѓаните да немора доколку не сакаа при реконструкција на својот дом да поседуваат сертификат за енергетска ефикасност што би значело и помолеми трошоци при инвестирањето во реконструкцијата.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега