Веритас: Со едно „Порше“ на отец Пимен може да се нахранат стотици фамилии

Граѓанската иницијатива „Веритас" која деновиве протестира пред општина Центар против стопирање на изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“, денеска реагира на критиките на отец Пимен дека јајцата кои вчера биле потрошени пред општина Центар, можеле да нахранат гладни деца.

-Со пет фрлени јајца по оние кои сакаат да рушат цркви не може да се нахранат сиромашните, но со едно Porsche Carrera во какво е сликан Отец Пимен може да се нахранат стотици фамилии, стои во реакцијата на Веритас.

најчитано сега