Новогодишно изненадување за сите корисници на VIP

Повторно ексклузивитет на македонскиот пазар на напредни мобилни комуникации. Вип на корисниците во Македонија им го претставува новиот BlackBerry® Passport паметен телефон. По своите карактеристики, технички можности и дизајн, новиот BlackBerry паметен телефон е уште едно навистина уникатно, елегантно и пред сѐ напредно технолошко решение.

Одличните перформанси со кои се одликува BlackBerry® Passport совршено го надополнуваат супериорното корисничко искуство, во поглед на голема брзина, стабилност и квалитет, кое го нуди напредната 4G LTE мрежа на Вип која со најновите инвестиции достигна покриеност од над 40% од населението во 13 градови во Македонија и го зaдржа приматот на 4G LTE мрежа со најголема покриеност во Македонија. Имено, по воведувањето на 4G LTE во јули во Скопје, Охрид, Штип, Струмица, Куманово, Битола и Прилеп, од сега и корисниците во Велес, Тетово, Гостивар, Струга, Кочани и Кавадарци можат да уживаат во 4G LTE брзините.

 

- Горди сме што ја продолжуваме традицијата да бидеме првиот оператор кој на корисниците им ги овозможува најзначајните новитети во светската индустрија на напредни мобилни комуникации. Со новиот уникатен BlackBerry® Passport, кој е ексклузивно достапен во Вип, одново докажуваме дека ги знаеме очекувањата и желбите на корисниците и дека сме подготвени соодветно да одговориме на нив, нудејќи им нови можности за искористување на супериорните перформанси и најголемата покриеност со нашата 4G LTE мрежа - изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

„Срцевината“ на новиот BlackBerry® Passport ја сочинуваат четиријадрениот процесор кој работи на 2.2 GHz; 3GB работна меморија (RAM) и дури 32GB интерен простор за чување податоци. На уредот се вградени и две камери кои даваат можност за снимање фотографии и видеа со HD резолуција - задна, со одлични 13 мега пиксели и предна, со 2 мега пиксели. Дополнително, новиот  BlackBerry® располага со 4.5 – инчен екран на допир со висока густина на пиксели што овозможува прикажување на неверојатно јасни, прецизни и живописни слики и видеа.  Уште една уникатна карактеристика е неговата форма во облик на квадрат со што се добива одлична прегледност, особено при прелистување на интернет страници, читање e-mail пораки, документи, табели и др. На уредот елегантно е вклопената и физичка тастатура која на корисниците им нуди брзо и прецизно пишување e-mail пораки, статуси на социјалните мрежи и други видови текстуални содржини. BlackBerry® Passport работи на најнапредниот оперативен систем BlackBerry® 10 преку кој на корисниците им стануваат достапни голем број интересни и полезни апликации кои можат да се користат истовремено.

Сите овие напредни, уникатни карактеристики го прават новиот BlackBerry® Passport одличен избор за сите корисници, особено за деловните луѓе кои знаат како да го искористат максимумот од можностите што ги нуди овој паметен уред, во функција на зголемување на ефикасноста на нивниот бизнис.    

За нив, како и за останатите корисници, новиот  новиот BlackBerry® Passport веќе од денес е достапен само во продажните места на Вип по промотивна цена од 6.999 денари во тарифниот модел Vip Free+ NoLimit+, со договорна обврска на 24 месеци.

 

Повеќе информации корисниците можат да добијат на телефонскиот број 077 1234 или на www.vip.mk.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега