Паднати дрвја и расипани семафори - екипите на Град Скопје го чистат хаосот од невремето
-Поради силното невреме со обилни врнежи што во изминативе неколку часа го зафати Скопје, екипите на Градот Скопје составени од вработени во ЈП „Водовод и канализација“, ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“ излегоа на терен и ги расчистуваат последиците, информираат од Град Скопје.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ги одзатнуваат сливниците од атмосферската канализација што треба да го примат големото количество вода на неколку градски улици и булевари, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги отстрануваат дефектите на неколку семафори кои поради силните електрични празнења престанаа да работат, додека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ на терен ги расчистуваат паднатите гранки и скршени дрвја кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ги пријават сите забележани дефекти во светлосната патна сигнализација или скршените гранки и дрвја од силниот ветер на следниве телефони.
-Во ЈП „Паркови и зеленило“ - 02/3070 112
-Во ЈП „Улици и патишта“ – 02/3162 317
-Во ЈП „Водовод и канализација“ - 3073-010, 0800 22555 - бесплатен број