ВИДЕО: Најбараниот млад фудбалер во Европа го одбра Баерн

Норвежанецот Мартин Едегор, кој во моментов е најбараниот млад фудбалер во Европа, реши својата кариера да ја продолжи во Баерн Минхен.

Со одличните настапи за првиот тим на Стромгодсет, а со неполни 16 години, стана репрезентативец на Норвешка и го привлече вниманието на големите тимови како што се Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ајакс. Два пати тренираше со Ливерпул, но на крајот го одбра Баерн Минхен, јавуваат светските медиуми.

Едегор во среда полни 16 години и воедно ќе се стекне со право да потпише професионален договор, па се очекува да договори повеќегодишна соработка со тимот од Минхен.

Претседателот на германскиот тим Карл-Хајнс Румениге неодамна го опиша како талент на векот, додека Гвардиола изјави дека на негови години Лионел Меси и Кристијано Роналдо ни приближно не биле добри како Едегор.

Тој со 15 години и 253 денови стана најмлад репрезентативец во историјата на Норвешка откако настапи на мечот против Обединетите Арапски Емирати. Со 15 години и 300 денови стана најмладиот играч кој настапил во квалификациите за Европско првенство.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега