Посно тавче-гравче за Свети Никола
Потребни состојки:
500гр. грав
4-5 парчиња суви црвени пиперки
2 главици кромид
2 лажици сол
2 лажици мешан сув зачин
1-2 лажички нане
1-2 лажички црвена пипер-буковец
Подотовка
Гравот се вари на тивок оган заедно со пиперките.
Гравот се вари, но се оставаат зрната малку потврди.
Потоа се претура гравот во земјено тавче се додава солта, мешаниот сув зачин, буковецот, нането и кромидот (претходно сецкан и пржен на врело масло).
Се става и од водата во кој се вареше гравот и се пече на 200 степени околу 40 мин.
Ако сакате во гравчето можете да додадете и малку пржено лукче.
Одлично за престојната слава Свети Никола во петок
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа