ФОТО: Нема да ви се верува колку чини дресот на македноската фудбалска репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија официјално ја пушти во употреба електронската верзија на продавница за дресови и сувенири од фудбалската репрезентација на Македонија.

500dres-615x400

-Преку www.fanshop.ffm.mk можете да го порачате оригиналниот дрес на нашата репрезентација, а истиот ќе биде доставен до вашата домашна адреса, информираат од ФФМ.

Очигледно во ФФМ заборавиле дека се наоѓаме во Македонија, па цената на еден дрес е народски кажано боли-глава.

За потсетување, просечната плата во Македонија е околу 21.000 денари, па ако имате 2 деца и сакате да им купите по еден дрес, ќе ви треба третина од платата.

Колку за споредба, еден оригинален дрес, купен в фан шопот на гигантот од Премиер лигата Арсенал, чини околу 50 фунти, што во наши пари е некаде над 4.000 денари. Да не зборуваме за просечната плата во Англија.

Свој фан шоп има и Вардар. За ракометниот дрес на Вардар ќе треба да платите 600 денари, а откако ќе ги нарачате, ви го носат на домшаната адреса за неколку дена

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега