Исповед на една позната писателка: Најлошо е кога лекарите ќе кажат - готов си!

Дијагнозата која докторите и ја соопштиле на Исадора Бјелиќ рак на јајниците. Еден од насмртоносните. Досега преброди тешка операција, поради еден доктор одби да ои на хемотерапија. Болеста се вратила и била на работ од смртта, а сега активно трага по цела планета за лекот.

- Ова никогаш не сум го рекла јавно: најтешка точка во мојата болест и лекување беше конзилијумот доктор. Тој ти објаснува дека си готов. Дека луѓето со ракот најчесто умираат. Мојата статистика е дека 20 отсто преживеале. Тие ми ја програмираа потсвеста, со која се борам и сега. 

Писателката во тој момент упорно барала лек. 

- Лек за рак нема, но некои луѓе се спасиле. Лекарите на почетокот ми рекоа дека имам хормонално пореметување. Така и дојдов до најлошата фаза на рак на јајниците, рекла таа

Кога болеста се вратила писателката примила дури шест хемотерапии

- Три хемотерапии ме лекуваа, а другите беа само превентива. Лекарот, поради кого ја одбив терапијата беше надмен, негативен и за мене лош. Пронјадов докторка со тим која ме разбира. Ужасно ја поднесов првата терапија. Беше морничаво. Мислев дека нема да издржам. Тогаш мојот бунт настапи и реков: Ајде да видам што можам да направам, колку можам да издржам. Што постои во светот, која алка која не функционира меѓу класичната и интергративната медицина за да се ублажи тој ужас.

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега