Менувам пелени и уживам во грижата за син ми- Ламбе ужива во улогата на татко

 

Македонската пејачка ѕвезда Ламбе Алабаковски сега е исполнет татко и сопруг. Тој покрај семејните обврски пронаоѓа време да работи и на музички план, пишува Вечер.

Покрај на професионален план Ламбе сега се чувствува комплетно реализиран и на приватен план. Пејачот неодамна стана татко и со својата понежна половина Магдалена го добија синот Михаил.

Вели дека новогодишните празници ќе ги помине работно, но за Бадник и Божиќ ќе биде дома со семејството.

- Нема ништо поубаво на светот од тоа да се биде татко. Не се плашам да го држам во раце и и помагам на сопругата апсолутно во сѐ. Го пресоблекувам, менувам пелени, го капам и искрено уживам во тоа, изјави пејачот за Вечер.

Ламбе наскоро треба да сними три нови спота, кои ќе излезат кон почетокот на идната година, а тука е и новиот албум кој полека се привршува во студио.

- Работам напорно периодов. Ќе снимам неколку спота кои се субвенционирани од Министерството за култура, а веќе сме при крај и со подготовките за албумот кој ќе излезе следната година, додаде Ламбе.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега