Мајка херој- Мирјана родила четири деца а ниту еднаш не стигнала до болницата

Една Србинка родила 4 деца, но ниеднаш не успеала да стигне до болница и се пораѓала дома, во автомобил, во лифт...

Мирјана Ковачевиќ (27), од село Рсавци кај Врњачка Бања, има четири деца, а секое од нив е родено во „незгоден“ момент.

 

 Мирјана никогаш ја немала среќата да се породи во болница како што тоа го прават останатите родилки – две од своите четири деца родила на пат кон болница, едно во лифтот на породилиштето, а последното во автомобил.

Како што објаснува нејзиниот сопруг Бобан, кај Мирјана пораѓањата се неверојатно брзи и неочекувани.

-Живееме на село и имаме доста работа. Секој пат, до последниот момент на пораѓање, таа беше на нозе, како да има уште еден месец до пораѓањето. Мирјана е феномен, вели тој.

Па, ништо поразлично не било ниту последното породување, кое се случило минатиот месец.

-Пред последното породување работев во бавчата. Почувствував дека е време и тргнавме со сопругот во породилиште, ама веќе на пат до Врњачка Бања ми пукна водењакот и стигнавме пред Здравствениот дом. Додека сопругот излезе да повика некој од Итна, бебето веќе се роди, објаснува Мирјана.

Претходното дете, пред 3 години Мирјана го родила дома, во текот на ноќта, иако детето било во карлична положба.

Инаку, Мирјана признава дека во секоја од бременостите, таа лесно и брзо се породила и никогаш не и биле потребни повеќе од 5 минути.

 

Мирјана и Бобан се родители на четири деца – Наталија (6), Теодора (5), Лука (3) и сега едномесечниот Огнен – сите живи и здрави деца.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега