Бејл во Манчестер, негова замена Азар или Стерлинг

Европскиот шампион Реал Мадрид е подготвен да ја прифати понудата од 90 милиони евра за трансфер на Велшанецот Герет Бејл, пренесува англискиот весник „Дејли Стар“.
Според весникот, сумата која ќе ја заработи Реал ќе биде вложена во адекватни замени за Велшанецот, односно според „Дејли Мејл“, на мета на „Кралскиот тим“ се фудбалерот на Челзи, Еден Азар и Рахим Стерлинг напаѓачот на Ливерпул.
Причината поради која Реал би се согласил да го продаде Бејл е незадоволството на Велшанецот од неговиот статус и место во тимот. Бејл изразил подготвеност за се врати во Премиер лигата, а како можна прва опција е Манчестер Јунајтед кој веќе подготвил петгодишен  договор со неделна заработка од 300 илјади фунти.
Инаку Герет Бејл сезонава во сите натпреварувања има одиграно 20 меча на кои постигна 9 голови. Тој во Мадрид дојде од Тотенхем пред две сезони, а во својата кариера има настапувано и за екипата на Саутемптон. 
За репрезентацијата на Велс, Бејл има одиграно 48 натпревари и постигнато 14 гола. 
 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега