Мега пресметки во ЛШ - Сити против Барса, а Jуве по одмзада кај Дортмунд

Попладнево во Нион беа извлечени двојките за осминафиналето од Лигата на шампионите.

Уште на стартот на нокаут фазата ждрепката одлучи да гледаме два мега дуели. Пари Сен Жермен ќе игра против Челзи, додека Манчестер Сити за противник ја доби Барселона. Овие четири екипи важеа за едни од најголемите фаворити за освојувањето на пехарот, се разбира заедно со Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Бранителот на титулата од ова натпреварување, шпанскиот тим Реал за пласман во четвртфиналето ќе се бори со германскиот Шалке, додека Баерн ќе игра против Шахтјор.

Првите натпревари од осминафиналето ќе се одиграат на 17/18 и 24/25 февруари, а реваншите се закажани за 10/11 и 17/18 март.

Финалето се игра на 6 јуни идната година на Олимпискиот стадион во Берлин.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега