ЕК: Грција треба да остане во еврозоната

Европската комисија прави се за Грција да остане во еврозоната, изјави денеска портпаролката на ЕК Мина Андреева.

Таа посочи и дека треба да се почекаат резултатите од посетата на Грција на еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пиер Московиси.

На 8. декември Европската унија одлучи да ја продолжи за два месеца втората спасувачка програма за Грција, која требаше да заврши до крајот на годината.

Грција во 2010 година според првата програма за финансиска помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд доби 110 милијарди евра. Програмата не беше целосно реализирана и дел од средствата беа префрлени во вториот пакет финансиска помош од 130 милијарди евра за периодот 2012 - 2014 година, која по пролонгирањето треба да заврши во февруари 2015 година.

Според експертите Грција нема да може сама да се врати на финансиските пазари и земјите-членки на ЕУ ќе треба да одлучат под каква форма ќе ја продолжат поддршката за земјата.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега