Каролина им испрати емотивна порака на своите фанови

Нашата ѕвезда Каролина Гочева во саботата (13.01) одржа уште еден неверојатен концерт со нејзиното ремек дело албумот „Македонско девојче 2“. Пејачката  ја наполни салата Борис Трајковски, а  со ова успешно ја заврши годината. 

Сета еуфорија започна во февруари кога Каролина во Македонската опера и балет одржа шест концерти. Потоа продолжи во Битола и во Охрид каде што во Домовите на култура ги пееше стиховите од албумот „Македонско девојче 2“ и заврши со огромниот концерт во Борис Трајковски посветен на нејзиниот менаџер Даниел Милошевски од Авалон продукција, кој ненадејно почина летово.

- Kонцертот му го посветувам на Даниел затоа што тој со срце и со душа влезе во проектот „Македонско девојче“. Со месеци работеше на него и ги преслушуваше песни. Беше особено врзан за овој албум. Неговата смрт е нешто со кое сѐ уште ни е тешко да се помириме и во секој момент ни недостига. Секако дека е тешко да се работи овде. Уште потешко е да се задржи одредено ниво кога сите функционираат да го спуштат. Исклучително тешко е да не се направи компромис. Само тие што успеале да одолеат на овие работи опстанале, изјави пејачката пре неколку дена за Дневник

По концертот Каролина на својот Фејсбук профил испрати емотивна порака до сите фанови што беа дел од овој настан:

Извор: Вистина.мк 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 13:54
Фото: 
Вистина.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега