Поранешна мис на Југославија омажена за шеик: Јас сум му единствена иако може да има повеќе жени

Поранешната мис на Југославија, Јелена Јаковљевиоќ е омажена за шеик со кого има три деца. 

35-годишната Јелена  се занимава со хуманитарна работа, а во разговорот за Блиц изјавила дека нејзиниот сопруг, арапскиот милионер е нејзин најголема потпора во животот.

Таа додала за Блиц  дека иако тој има можност да има повеќе жени, сепак во неговиот живот има место само за една, за неа:

„Среќна сум што сум со него и што веќе десет години ме поддржува во се што работам, а тоа е меѓу другите нешта и хуманитарната работа. Никогаш не ми рекол не, кога сум му побарала пари“, изјавила Јелена.

Јелена не сака да зборува за нејзината хуманитарна акција бидејчи работи од срце и во тишина:

- Јас не правам разлика меѓу земјите. Моите деца се од мешан брак, од мајка православна и татко муслиман, така што за мене во таа смисла не постои никаква граница што се однесува на верата, културата, бојата на кожа, националноста. За следната година планирам да се организирам подобро во однос на мојата хуманитарна работа“, додала поранешната убавица.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега