„Скендербег не е албански херој“

Денеска пратеник во косовскиот Парламент, Гезим Келменди, го нарече Ѓерѓ Кастриот-Скендербег херој на католиците а не албански национален херој, пренесе весникот Експрес.

Пртатеникот своето тврдење го аргуменирал со фактот дека во 15 век, во времето кога војувал Скендербег, не постоеле нации, а воедно изјавил и дека се сомнева за потеклото на Скендербег.

- Католиците го имаат својот херој - Скендербег. Во 15 век не постоеле нации и војните биле поради верски прашања, изјавил Келменди.

Келменди оценува дека Турција не била окупатор на Албанија, туку само владеела во таа земја и затоа треба да се третира како земја - пријател. 

најчитано сега