Министерот и пееше на Цеца!

Бившиот премиер, сега актуелен министер за надворешни работи и потпретседател на Владата на Србија, Ивица Дачиќ одново се  покажа како голем мераклија за песна, па пред некој ден, во чест на 18-етиот роденден на Вељко, синот на  Цеца и Жељко Ражнатовиќ- Аркан во придружба на Весна Змијанац  го завзема местотото на Дино – Мерлин, па заедно со неа во дует  ја запеа „Кад замиришу јорговани“, по што Дачиќ гордо изјави:

- „Беше супер. Како што знаат сите, Цеца и јас сме пријатели од мали нозе и секогаш си одиме еден кај друг на разни прослави. Кога го гледам Вељко, сфаќам колку времето брзо поминува“ – изјавил Дачиќ за српските медиуми.

 

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега