Добра забава и богато мени - гости од целиот свет за Нова година во Охрид

 

Охрид ќе биде полн со гости за Новогодишните празници. Хотелските капацитети се веќе распродадени. Најголем број од туристите се од соседните земји Бугарија, Србија, Црна Гора но и од подалечните Полска, Романија и Унгарија, објави Канал 5.

Примамливи се тридневните новогодишни пакет аранжмани.

- Оваа година за среќа на Охрид, за среќа на сите нас имаме една одлична ситуација, која во минатите години не беше случај за нас како туристичка дестинација. Според резрвациите предвидувам дека ќе имаме успешен дочек на Новата година. Уште при крај на месец  ноември хотелскиот капацитет е исполнет ,вели за телевизијата Тоше Чочороски директор на хотел “Силекс”.

Градот веќе е потврдена атрактивна балканска дестинација за новогодишните празници. Во празничен, накитен амбиент и богата забава,  “блескавиот”  Охрид  ќе се погрижи гостите да имаат незаборавен престој.

-  Шест дена последователно ќе имаме забавна програма на плоштад  Во деновите пред дочекот на Новата година  ќе биде пополнета со изведувачи од основните училишта како и музички изведувачи од градот кој ќе ја збогатат програмата, рекол Ѓоко Апостолов раководител на Секторот за туризам.

Добра забава и богато новогодишно мени  нудат и охридските угостители. За “најлудата ноќ” на охридскиот плоштад ќе пее позната македонска ѕвезда, чие име засега не се открива.

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега