Најмладите од градинката „Росица“ донираа за социјално загрозените семејства
Децата од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров донираа облека, играчки и обувки за децата од социјално загрозените семејства од општината Ѓорче Петров.
Хуманитарната акција под мотото „Од дете за дете“ се организира како иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, а ќе продолжи да се спроведува и во иднина.
- Пристигна многу облека, чевли, играчки, ќебиња кои сигурно ќе примамат насмевки на оние на кои им недостигаат основните средства, истакна директорката на градинката Ана Серафимовска која потенцираше дека целта на акцијата е да се поттикне хуманоста и солидарноста кај децата.
Децата од градинката изработија и предмети од есенски плодови, суви лисја, семиња, гранки кои градоначалникот Сокол Митровски ќе ги додели непосредно пред новогодишните празници на социјално загрозено семејство од општината Ѓорче Петров.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа