Тина Мазе победи на велеслаломот во Оре

Тина Мазе од Словенија победи на денешниот велеслалом што се возеше во Оре, Шведска. Таа имаше извонредна втора трка и успеа зад себе да ги остави Сара Хектор од Шведска и Ева-Марија Брем од Австрија.

Мазе, која беше седмопласирана по првата трка, имаше вкупно време од 2:23.84 минути, додека второпласираната Хектор заостана 20 стотинки, а водечката по првата трка Брем на крајот го освои трето место со заостанување од 28 стотинки.

За Мазе ова беше трета победа годинава во Светскиот куп и со 480 поени се наоѓа на првата позиција, пред двете скијачки од Австрија Ана Фенингер и Катрин Цетел.

Во пласманот за велеслалом водечка е Ева-Марија Брем со 220 поени.
Попладнево на истата патека ќе се одржи и машкиот велеслалом, додека утре ќе се одржи натпреварот во слалом кај жените.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега