27 воздушни напади за три дена врз цели во Сирија и Ирак
САД и нивните сојузници извршија во изминатите три дена 27 воздушни напади врз цели во Сирија и Ирак, соопштија денеска американски воени официјални лица.
Борбени позиции, згради и утврдувања погодени се во седум напади во близина на сириските градови Кобане и Алепо и на границата со Ирак, соопштија здружените сили.
Исламска држава била цел на 20 напади во Ирак во близина на градовите Рамади, Ар Рутба, Мосул, ал-Каим, Самара, Рава и ал-Асад, се додава во соопштението.
Оцени ја веста
12.12.2014 - 17:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа