Албанија и БиХ со најнизок БДП во Европа

Албанија и Босна и Херцеговина имаат најнизок БДП по глава на жител од 37 држави во Европа, додека Бугарија е најсиромашна држава од Европската унија, соопшти Евростат.

Албанија има најнизок БДП и најниска поединечна потрошувачка меѓу 37 европски држави според извештајот на Евростат.

Извештајот опфаќа 28 држави од Европската унија плус Швајцарија, Исланд, Норвешка, Албанија, Македонија, Србија, Турција, Црна Гора и Босна.

Врз основа на прелиминарни резултати од 2013 година, албанскиот БДП е само 28 отсто од просекот на ЕУ. Босна има 29 отсто од просекот, додека БДП на Македонија е 36 отсто. На Србија БДП е 37 отсто, 40 отсто во Црна Гора.

Хрватска има БДП 61 отсто од просекот во Унијата. Таа држава е и пред Романија (55 отсто) и Бугарија со БДП од 45 отсто од просекот. Евростат наведува дека кога би се зела предвид куповната моќ, Луксембург има највисок БДП меѓу државите членки на ЕУ, кој е повеќе од 2,5 пати отколку просекот во Европската унија.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега