ЕУ бара Приштина да се посвети на реформите и дијалогот со Белград

 

 

ЕУ го поздравува крајот на долготрајниот политички ќорсокак во Косово и формирањето на новите институции и бара од новите власти во Приштина да се посветат брзо кон реформската агенда, како и на дијалогот на високо ниво со Белград,.

Во заклучоците за останатите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата, покрај Македонија, што треба да бидат усвоени на Самитот на ЕУ идниот петок во Брисел, Советот забележува дека парафирањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) во јули оваа година е првиот сеопфатен договор меѓу ЕУ и Косово. 

Советот ја зема предвид намерата на Европската комисија да издаде предлог за потпишување и заклучок на Договорот што е можно поскоро, без оглед на позициите на земјите-членки во врска со статусот на земјата, имајќи пред вид дека државата се уште не е призната од страна на пет земји-членки на Европската унија. 

Брисел го повикува Косово да се фокусира на спроведување на сеопфатни реформи неопходни за да ги исполни своите обврски според предложениот Договор за асоцијација, што бара силна политичка волја.

- Посебно внимание треба да се посвети на подобрување на владеењето на правото, вклучувајќи ги независноста на судството и интензивирањето на борбата против организираниот криминал и корупцијата. Советот потсетува дека Косово мора да се справи со недостатоците во дијалогот за укинување на визите, вклучувајќи ублажување на безбедноста и миграцискиот ризик од потенцијалното воведување на визна либерализација. Потребата за структурни економски реформи се однесува на високото ниво на невработеност, а важни реформи се и изборните реформи и реформите во јавната администрација кои треба да се земат како приоритет и да се псовети внимание на заштитата на малцинствата, гласи заклучокот за Косово.

Советот, исто така, ќе продолжи внимателно да го следи ангажманот на Косово кон видлив и одржлив напредок во нормализацијата на односите со Србија, вклучувајќи го и спроведувањето во добра волја на сите досега постигнати договори и се бара двете страни да продолжат на нивниот европски пат и да избегнат блокирање едни на други во овие напори. Советот потсетува дека напредокот во процесот на нормализација на односите со Србија е основно начело на предложениот Договор за стабилизација и асоцијација и ќе го поддржи развојот на односите и соработката меѓу ЕУ и Косово.

Во одноа на мисијата ЕУЛЕКС, се бара Косово да продолжи внимателно и ефективно да соработува со неговите органи и активно да придонесува за целосно и непречено извршување на обновениот мандат на ЕУЛЕКС, при што се бара спроведување на политички ангажман за воспоставување на специјализирани судски и разгледувањена случаите кои произлегуваат од истрагата предводена од страна на посебни истражни органи на Работната група со донесување на сите потребни законски измени.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега