Големо откритие: Технологија која ќе им го врати видот на слепите лица
Австралиските научници работат на нова технологија со чија што помош ќе им се овозможи на слепите лица повторно да ја видат светлината на денот.
Имено, научници од Универзитетот во Мелбурн ги направија првите безжични бионски очи кои ќе им го повратат видот на слепите лица и ќе овозможат дури тие да распознаваат бои и да чуствуваат како се расположени луѓето околу нив.
Оваа нова технологија ја разви тим од 60 научници кои ќе им овозможат на слепите лица да гледаат преку имплант во мозокот кој безжично е поврзан со камера која ќе биде поставена на наочари.