Новогодишна магија за сите: Подароци за децата со посебни потреби и од социјално загрозени семејства
На 100 деца со посебни потреби, со воспитно социјални проблеми и од ранливи категории семејства од Скопје денеска во Театарот за деца и младинци им беа врачени новогодишни подароци (училишен ранец, честитка и чоколадо) во рамки на хуманитарната акција „Да споделиме радост“, која ја организира Црвениот крст на Република Македонија во соработка со ЕВН Македонија. Децата во театарот претходно ја гледаа претставата „12 месеци“.
Освен на овие 100 деца, новогодишни подароци ќе им бидат поделени на уште 280 деца на социјално загрозени семејства и деца со посебни потреби од Скопје, како и на 300 деца во другите градови низ Македонија. Акцијата ќе трае до 26 декември, а донацијата од вкупно 680 новогодишни подароци ќе се имплементира преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст во Кочани, Кичево, Струга, Штип, Гевгелија и Струмица.
- Црвениот крст на Република Македонија и оваа година во соработка со партнерите и поддржувачите на хуманата мисија одлучи да влезе повторно во домовите на сите оние деца кои имаат потреба од подадена рака, хуманост, топлина, среќа со цел да имаат Среќна Нова 2015 година, изјави Сузана Пауновска од Црвениот крст на Град Скопје.
Ленче Карпузовска од ЕВН Македонија рече дека битно е да издејствуваат насмевка и радост кај децата.
- ЕВН Македонија одлучи заедно со оние кои ја имаат најголемата улога за хуманитарни проекти, а тоа е Црвениот крст со заеднички проект со продлабочување на соработката, да допреме до срцата на оние најранливите категории на деца во државата, додаде Карпузовска.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа