Наскоро зонско паркирање во Гевгелија

 

Општина Гевгелија, по примерот на неколку градови во државата, одлучи да воведе зонско паркирање за да стави ред особено во централното градско подрачје каде во пазарните и викенд деновите се создава вистински сообраќаен хаос.

Од локалната самоуправа денеска информираа дека за решавање на горливиот проблем, наскоро ќе се распише тендер за изработка на проект за зонски систем на паркирање на автомобилите.

- Во подготовка сме на објавување тендер за организирање зонско паркирање кое ќе се наплатаува затоа што не може некој да узурпира простор со возилото 12 до 15 часа на ден, рече градоначалникот Иван Франгов.

Со тендерот, додаде, ќе бидат утврдени локациите во центарот на Гевгелија каде што ќе се воведе новиот режим на паркирање.

Граѓаните се согласуваат со одлуката на локалната самоуправа за воведување зонски систем за паркирање, но изразија желба ако веќе мора да плаќаат, да се наплаќа минимално. 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега