Грците лути на Бугарите: Половина северна Грција зборува бугарски?

 

 

Грчките медиуми денеска објавуваат мапа изготвена од Институтот за бугарски јазик во Софија, според која, во голем дел од северна Грција се зборува бугарски.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во Грција на оваа мапа се гледа како на провокација, особено поради тоа што е изготвена од официјален Институт.

 

Картата на бугарските дијалекти ја изработил тим научници од Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија за науки и ја опфаќа „целата бугарска јазична територија“, а вклучува и аудиозапис и описи на индивидуални говори.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка на Оперативната програма „Развој на човечките ресурси“, кофинансирана од Европскиот социјален фонд на Европската унија.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега